„Температури во Целзиусови, Келвин и Фаренхајт. Меѓутоа, во Европа ќе се појави нова скала – според Урсула“, напиша претседателот на руската Дума на Телеграм.
Вјачеслав Володин всушност се исмеваше со вчерашната изјава на претседателката на Европска Комисија, Урусла фон дер Лајен, која наведе дека жителите на Европа со намалување на температурата во нивните домови за два степена би можеле да ги надоместат сите испораки на гас преку гасоводот Северен поток.
Според Володин, лидерите на Европска Унија би требало да ги „оладат главите“ бидејќи поради нивните одлуки страдаат граѓаните.
Тој додаде дека „според Урсула“, со намалување на температурата за десет степени, жителите на Европа би можеле да се откажат од гасот што се испорачува преку гасоводот Турски поток, украинскиот коридор, нафтоводот Дружба и дека со намалување на температурата за само уште еден степен може да се откаже и јагленот од Русија.