На Новак Ѓоковиќ му е укината забраната и следната година ќе игра на Австралија опен, јавуваат локалните медиуми.
-„На Новак Ѓоковиќ му е дозволено да игра на Австралија опен во 2023 година, бидејќи ќе му биде укината тригодишната забрана за виза за Австралија“, пишува 9News Melbourne.
Ѓоковиќ е деветкратен освојувач на Австралија, а оваа сезона не настапи по аферата за која дури и беше во притвор.
Само три недели по завршувањето на турнирот, Австралија ги укина сите мерки.
Австралија опен, првиот Грен слем турнир во сезоната, започнува на 16 јануари.