За повеќето од нас е незамисливо да не ги миеме овошјата што не ги лупиме, но она што е помалку познато е дека и овошјата чија кора не ја јадеме, како што се бананите или лубениците, треба да се измијат пред да се лупат.
Експертите за безбедност на храна велат дека овошјето треба да го миете и со подебела кора. Тамика Симс, директорка на Меѓународниот информативен совет за храна, наведува дека бананите и овошјето со кора што не ги јадеме треба да се мијат под чиста вода.
„Ова е најдобра практика во безбедното ракување со храната за да се минимизира преносот на нечистотија или микроби кои може да се наоѓаат на кожата од внатрешната страна на овошјето што имате намера да го консумирате“, вели Симс.
Имено, нечистотијата може да биде видлива на кожата, но пестицидите или микробите како салмонела не се. Поради оваа причина, Симс наведува дека сите намирници треба да се измијат пред консумирање, а тоа важи и за храната од органско земјоделство.
Кора од банана и другите производи со дебел слој се подеднакво подложни на бактерии како и помеките овошја и зеленчуци со понежна кожа.
На пример, американската Администрација за храна и лекови откри листерија и салмонела на кожата на авокадото.
Иако на бактериите им е потешко да стигнат во внатрешноста, во моментот кога ќе го исечете овошјето со нож, може да го загадите јадливиот дел. Поради оваа причина, потребно е секој вид овошје да се измие пред консумирање, бидејќи на овој начин се намалува ризикот од инфекција, пишува klix.ba.