More

    Зошто носењето чорапи помага да доживеете оргазам и како да го зачините сексот

    spot_img

    Носењето чорапи во кревет може да биде контроверзно, но лекарите велат дека тоа може да го подобри вашиот сексуален живот. Иако вашиот партнер на почетокот можеби нема да го цени тоа, експертите веруваат дека нивното носење може да го намали ризикот од еректилна дисфункција.

    Д-р Пол Ван Дер Вестхуизен рекол: „Истражувањето покажува дека дури 80 отсто од мажите и жените доживуваат оргазам додека носат чорапи, во споредба со 50 отсто без чорапи. Се смета дека тоа е затоа што носењето чорапи им помага да одржат повисока телесна температура. Значи, сè уште можете да го издржите сето тоа, само задржете ги чорапите на вас за вашето тело да ја одржи добрата температура“.

    Повеќе од половина од мажите на возраст меѓу 40 и 70 години страдаат од еректилна дисфункција, што го отежнува постигнувањето или одржувањето на ерекцијата. Тоа може да биде симптом на основни состојби како што се висок крвен притисок, холестерол и дијабетес. A вазоконстрикцијата – природна реакција на чувството на студ – исто така може да ги зголеми шансите.

    „Тоа е метод на заштита во кој телото ја извлекува крвта од екстремитетите како што се прстите на рацете, нозете и пенисот“, вели докторот. Ова може да ја спречи ерекцијата, која се потпира на добриот проток на крвта во пенисот.

    „Едноставен начин да го спречите ова е да одржувате пријатна температура во спалната соба за вас и вашиот партнер. Сè што ќе ви помогне да го загреете јадрото на вашето тело, како на пример, останување под покривката во текот на сексот или носењето чорапи“, рекол Пол Ван Дер Вестхуизен и открил четири совети за тоа како да го намалите ризикот од еректилна дисфункција во постудените месеци.

    1. Вежбање и диета

    Зголемувањето на телесната тежина е вообичаено околу празничната сезона и во неделите потоа, при што луѓето го намалуваат вежбањето и јадат и пијат повеќе од вообичаено. Ова може да предизвика проблеми со одржување на ерекцијата. Д-р Ван Дер Вестхуизен вели: „Малите промени како вежбање дома или одење во теретана можат да помогнат да се зголеми вашата дневна активност. Погрижете се да јадете балансирани оброци за да помогнете во регулирањето на вашата тежина и нивото на енергија. Ендорфините од вежбањето исто така ќе помогнат да се чувствувате добро, што значи дека ќе бидете порасположени за секс и помалку да ќе се борите со сезонската еректилна дисфункција.“

    2. Лекување со тестостерон

    Како што стареете, нормално е да видите дека вашиот тестостерон – машкиот полов хормон – се намалува, што може да предизвика еректилна дисфункција. Тестовите може да покажат дали имате низок тестостерон, а вашиот матичен лекар може да ве упати кај специјалист за хормони кој може да ви понуди замена на тестостерон доколку страдате од недостаток.

    Д-р Пол Ван Дер Вестхуизен: „Ако сте загрижени дека нивото на тестостерон ви е значително пониско од нормалното, тестот за тестостерон може да ви помогне да разберете што се случува. По резултатите, можете во доверба да разговарате со вашиот лекар за да добиете помош, без разлика дали преку лекови или со промена на начинот на живот. Ако се сомневате дека можеби имате нерамнотежа, вреди да разговарате со лекар за да може да ви препише правилно лекување.“

    3. Управување со стресот

    Стресот е уште еден клучен фактор на ризик за еректилна дисфункција, но постојат голем број начини на кои можете да го задржите нивото на стрес.

    „Одвојувањето време за на вистински начин да се исклучите од работата и вложувањето време со вашиот партнер за да правите работи во кои уживате може да ви помогне доволно да се опуштите така што интимноста нема да биде застрашувачка. Ако ви е особено тешко, одвојте повеќе време за работи што ве опуштаат или разговарајте со експерт ако сметате дека ви треба поддршка. Ако имате високи нивоа на стрес во текот на целата година, важно е да побарате помош, бидејќи тоа може да има многу негативни ефекти врз вашето ментално и физичко здравје, освен еректилната дисфункција“, додал експертот.

    4. Алтернативни третмани за депресија

    „Вообичаено е да се страда од сезонско афективно нарушување (САД) во зима – еден вид депресија, поради што многу луѓе земаат антидепресиви. Меѓутоа, некои селективни инхибитори на повторното потхранување на серотонин (SSRI) може да предизвикаат еректилна дисфункција како несакан ефект“, вели д-р Ван Дер Вестхуизен, додавајќи: „Секако би било добра идеја да разговарате со вашиот матичен лекар и да ги разгледате другите опции за лекување. Секогаш е важно да разговарате со експерт пред да направите какви било промени во лекот. Ненадејното прекинување на земањето антидепресиви може да биде многу опасно, но ако ги истражите можностите со вашиот лекар, се надеваме дека една работа помалку ќе влијае на вашето расположение во текот на мрачните зимски месеци“, пишува британски „Сан“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img