Зоран Љутков ја презеде функцијата од Бисера Костадиновска Стојчевска

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денеска, во десет часот, во просториите на Министерството за култура и туризам,  беше извршено примопредавање на должноста министер за култура, помеѓу досегашниот министер Бисера Костадиновска – Стојчевска и новоименуваниот министер Зоран Љутков.

Досегашната министерка, Костадиновска – Стојчевска на новоизбраниот министер му ја честиташе новата должност и му посака успех во совладувањето на предизвиците поврзани со реализацијата на тековните и идни проекти на Министерството за култура и туризам

Министерот Љутков истакна дека доаѓа време на промени, а пред сите чинители од областа на културата и туризмот, претстои интензивен период на макотрпна работа и инвестиции, што воедно претставува врвен приоритет на новата влада.

Тој ѝ подари букет цвеќе на својата претходничка.

Share This Article