Златан Ибрахимовиќ се одлучи на несекојдневен потег и привлече огромно внимание.
Шведскиот фудбалер пред девет години реши да направи крајно необичен потег на полето на недвижностите.
Тој одлучил да купи стара црква во Стокхолм за 9,24 милиони евра, како што тогаш објави британски „Телеграф“.
Поранешната собарка која работеше по 14 часа на ден за да го одгледа него и неговите четири браќа и сестри, сега е толку горда.
Во текот на 2015 година Златан одлучил да купи црква, која планирал да ја претвори во имот во кој би можел да живее. Тој не планирал сам да живее таму, туку да ги издава становите под наем.
На негово име документите ги потпишала неговата мајка Јурка Гравиќ. Се очекуваше да се изгради четирикатница со огромна гаража и подрум, додека приземјето ќе биде деловен простор.
Златан во неколку наврати изјави дека повеќе му се допаѓа животот во Стокхолм отколку во Малме бидејќи е полесно да се движи, но има и повеќе опции.