More

    Зибери: Ноќта кога биле брутално претепани затворениците, безбедносните камери во затворот „Идризово“ биле исклучени, велат сведоците и инволвираните лица

    spot_img

    Ноќта кога биле брутално претепани затворениците, безбедносните камери во затворот „Идризово“ биле исклучени, велат сведоците и инволвираните лица, изјави народниот бранител Насер Зибери, за Клан-М.

    Според народниот бранител, лекарската помош доцнела, не биле испратени сите затвореници на лекување во соодветните болници, додека здравствената служба во затворот не функционирала.

    – Критичната ноќ имало лице кое се занимавало со одржување на системот на камери. Тоа нè наведува да се посомневаме дека снимките на камерите, за кои се очекува да бидат функционални, се ставени вон функција. Не сакам да ја прејудицирам ситуацијата. Ќе се спроведе нашата контрола и надзор и ќе имаме конкретни резултати – изјави Насер Зибери, народен правобранител.

    Од друга страна, педесетина затвореници од затворот „Идризово“ вчера потпишаа дека ќе започнат штрајк со глад доколку никој не ги посети.

    „Ние осудениците од Н.П.О-одд при К.П.У. Идризово ве известуваме дека од 31 октомври стапуваме во штрајк со глад поради тешко повредените осуденици на кои не им се укажува лекарска заштита иако се со тешки телесни повреди како последица од полициската акција“, се наведува во писмото.

    Министерството за внатрешни работи (МВР) викендов соопшти дека при претрес во полуотвореното одделение во „Идризово“ се повредени 10 полицајци при судир со група затвореници кои пружиле отпор. При претресот, пронајдени се 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефон и дрога.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img