More

    Жителите на Малага на протест, тие се незадоволни од масовниот број на гости

    spot_img

    Илјадници жители на шпанскиот град Малага излегоа на протест против масовниот туризам, кој според нив е причина за високите наеми и недостигот на станови, пренесе ДПА.

    Многу од демонстрантите носеа плакати со натписи: „Малага не се продава“ и „Ова не е туризам, ова е инвазија“.

    Според организаторите, на вчерашниот митинг учествувале околу 25.000 лица, иако шпанскиот весник Паис објави дека протестирачите биле околу 15.000.

    Малага е само уште еден шпански град во кој се одржуваат вакви протести. Демонстрации против масовниот прилив на туристи имаше и во Мајорка, Барселона и на Канарските Острови.

    Здружението на наемателите во Малага вели дека постојано растечкиот број на посетители кои изнајмуваат апартмани за одмор е причина за недостигот на станови во градот. – Градот страда, незадоволството е големо. Пред сè, проблемот со станбениот простор требаше да биде ставен на маса, изјави портпаролот на протестирачите за весникот „Паис“.

    Во Малага има повеќе од 12.000 законски регистрирани станови за одмор и по овој показател, градот се наоѓа на трето место во Шпанија по Мадрид и Барселона. Освен тоа, многу приватни имоти во Малага и други градови примаат гости незаконски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img