More

    Жестоки судири во главниот град на Судан: Изгоре познатиот облакодер

    spot_img

    Жестоки судири во главниот град на Судан: Изгоре познатиот облакодер
    Во Картум, главниот град на Судан, неколку згради се запалија по тешките судири меѓу армијата и паравоените сили на РСФ, вклучувајќи го и познатиот облакодер на нафтената компанија Голем Нил.

    Болниците во Картум и во регионот Дарфур престанаа да работат, а жителите на главниот град ги опишаа борбите за време на викендот како најлоши досега, пренесува N1 Словенија.

    Снимките кои кружат на социјалните мрежи од вчера покажуваат како гори облакодерот GNPOC (Greater Nile Petroleum Oil Company) во Судан.

    Изградбата на 18-катницата е завршена во 2010 година, а се наоѓа во Картум, покрај реката Нил.

    „Ова е навистина болно“, напиша Тагрид Абдин, архитектот на зградата во објава на социјалната мрежа Икс, порано позната како Твитер. Абдин додаде дека зградата ја означува панорамата на градот и дека жали за неговото „бесмислено уништување“.

    Се уште не е јасно што го предизвикало пожарот во конусниот облакодер, јавува Би-Би-Си. Нема извештаи за повредени или загинати.

    Насилството во Судан започна на 15 април поради борбата за моќ меѓу водачите на суданската армија и паравоените сили на РСФ.„Sudan War Monitor“, кој го следи конфликтот, соопшти дека силите на РСФ во саботата нападнале области под контрола на армијата, вклучувајќи ја и канцеларијата на Министерството за правда. Се вели дека неколку владини згради се запалиле како резултат на нападот.

    Нападите на областите под контрола на армијата продолжија во неделата, изјавија очевидци за новинската агенција АФП.

    Навал Мохамед (44), која живее на најмалку три километри од борбите во главниот град, изјави дека од експлозиите се треселе вратите и прозорците од нејзината куќа. Таа ги опиша битките во изминатиот викенд како „најлоши од почетокот на војната“.

    Здравствените власти во неделата објавија дека сите поголеми болници во Картум и регионот Дарфур престанале да работат.

    РСФ се бори да ја преземе контролата над главниот град, додека воените воздушни напади имаат за цел да ги ослабат позициите на паравоените сили.

    Во конфликтот досега загинаа околу 7.500 луѓе, а повеќе од пет милиони се раселени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img