More

    Жестоки напади на Рафа: Убиени најмалку 100 цивили, меѓу кои и жени и деца

    spot_img

    Здравствените власти во палестинскиот град Рафа соопштија дека од вчера во израелското бомбардирање загинале повеќе од 100 цивили, меѓу кои жени и деца, а неколку стотици луѓе се ранети, пренесе палестинската новинска агенција Вафа.

    Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека Израел извршил тешки воздушни напади, главно врз центарот на градот и дека биле погодени станбени области во близина на седиштето на палестинската организација.

    Директорот на кувајтската болница во Рафах, Сухаиб ал Хамс изјави дека болницата е полна со тешко ранети луѓе и нема доволно лекови и медицинска опрема.

    Локалните извори наведуваат дека израелски авиони извршиле околу 40 напади, а цел биле бројни куќи и џамии, каде се наоѓаат раселените лица.

    Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека Израел извршил тешки воздушни напади, главно врз центарот на градот и дека биле погодени станбени области во близина на седиштето на палестинската организација.

    Американскиот претседател Џо Бајден му рече на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата дека Израел не треба да продолжи со воена операција во Рафах во јужниот дел на Појасот Газа без план за обезбедување на безбедноста на луѓето.

    Во соопштението на Белата куќа се вели: „Бајден, исто така, повика на итни и конкретни чекори за зголемување на протокот и доследноста на хуманитарната помош за невините палестински цивили. Тој го потврди својот став дека воената операција во Рафа не треба да продолжи без кредибилен и остварлив план за да се обезбеди безбедност и поддршка за повеќе од еден милион луѓе кои се засолнуваат таму“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img