More

    Жена го нападна Квентин Тарантино во ресторан

    spot_img

    Познатиот американски режисер Квентин Тарантино беше нападнат во ресторан во Њујорк, објави Дејли мејл.

    – Ционистичко ѓубре – му викала жената која на социјалните мрежи го користи името Крекхед Барни,  а потоа на својот профил објавила видео од случката.

    На видеото се гледа како Барни, чие вистинско име сѐ уште не е познато, му приоѓа на режисерот кој седи сам на масата во аголот.

    – Квентин Тарантино! – му вика таа.

    – Еј. – кратко одговара Тарантино.

    – Зошто си ционистичко ѓубре? – потоа го прашува жената.

    Тарантино не одговори на тоа, туку само ги прекрсти рацете.

    Таа потоа го прашала „дали оди во Израел“, но режисерот немал време да одговори бидејќи реагирале вработените во ресторанот. Додека Тарантино излегувал од ресторанот, бил опколен од пропалестински демонстранти кои извикувале „Слободна Палестина“.

    Инаку, Тарантино е оженет со израелската пејачка и модел Даниела Пик и јавно застана на страната на Израел во војната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img