More

    Зголемувањето на цените на енергенсите и материјалите и послабата побарувачка предизвикаа бран банкроти на средни и големи компании во Германија во првата половина од годината, објави деловниот весник „Ханделсблат“

    spot_img

    Зголемувањето на цените на енергенсите и материјалите и послабата побарувачка предизвикаа бран банкроти на средни и големи компании во Германија во првата половина од годината, објави деловниот весник „Ханделсблат“. Во периодот од јануари до јуни стечај прогласиле 162 компании со промет поголем од 10 милиони евра, пишува весникот повикувајќи се на анализата на консултантската компанија за преструктуирање на бизнисот Фалкенштег.

    Бројката е за 41%  поголема од истиот период минатата година и скокот е значително поголем од она што го очекуваше Фалкенштег, прогнозирајќи раст од 30% на почетокот на годината.

    Најмногу барања за стечај поднеле компаниите од секторот за недвижности, добавувачите на автомобили и производителите на машини, наведува „Ханделсблат“.

    Причините за прогласување банкрот се постпандемиската криза, инфлацијата, растот на цените на енергијата и материјалите и слабеењето на побарувачката. Реструктуирањето и инвестициите во пропаднатите компании се попречени од глобалната криза, лошите изгледи за германската економија и високите каматни стапки, се наведува во анализата.

    Германската индустриска и трговска комора ДИХК предвиде во мај продолжување на нагорниот тренд на банкроти, посочувајќи дека германската економија е попречена од структурни проблеми како што е недостатокот на квалификувана работна сила.

    Во 2023 година банкрот прогласиле 17.814 компании, за 22,1% повеќе од 2022 година, покажуваат податоците на заводот за статистика Дестатис.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img