More

    Зголемениот недостиг може да поттикне конфликти ширум светот, предупредуваат од ОН

    spot_img

    Обединетите нации (ОН) предупредуваат дека зголемениот недостиг на вода може да поттикне конфликти ширум светот. На глобално ниво, 2,2 милијарди луѓе немаат пристап до безбедно управувана вода за пиење, а 3,5 милијарди немаат пристап до безбедно управувана санитација, според извештајот на Организацијата за образование, наука и култура на ОН, УНЕСКО, објавен по повод Светскиот ден на водата.

    – Секој втор човек ширум светот страда од недостиг на вода неколку месеци во годината. И во некои делови од светот, овој недостиг стана правило, наместо исклучок. Ги знаеме последиците од таквата ситуација: недостигот на вода не само што го разгорува пламенот на геополитичките тензии, туку претставува и закана за основните права како целина, на пример со значително поткопување на положбата на девојчињата и жените – изјави генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азулеј.

    Азулај рече дека пристапот до вода и зачувувањето на водните ресурси се „суштински предизвици“ за општествата.

    Постигнувањето на универзален пристап до безбедна вода за пиење, санитација и хигиена во 140 земји со низок и среден приход би чинело приближно 1,7 трилиони долари од 2016 до 2030 година, или 114 милијарди долари годишно, се проценува во извештајот.

    Извештајот се објавува секоја година по повод Светскиот ден на водата, кој оваа година се фокусира на темата „Водата за просперитет и мир“.

    – Темата на Светскиот ден на водата во 2024 година е затоа повик за акција – одржливо управување со водата, повторно поврзување со нашата планета и, на крајот, градење мир – рече Азулај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img