More

    Најголем пораст е забележан во Романија, а најмал во Италија

    spot_img

    Во четвртиот квартал од 2023 година, трошоците за работна сила по час пораснаа за 3,4% во еврозоната и за 4,0% во ЕУ, во споредба со истиот квартал од претходната година, објави Евростат, статистичката служба на Европската унија.

    Според овие податоци во еврозоната, во четвртиот квартал од 2023 година во споредба со истиот квартал од претходната година трошоците за саатници и плати се зголемени за 3,1%, додека неплатната компонента (надомесроци) е зголемена за 4,2%.

    Во ЕУ, трошоците за саатници и плати се зголемени за 3,8% и неплатната компонента е зголемена за 4,6%.

    Во четвртиот квартал од 2023 година во споредба со истиот квартал од претходната година, трошоците за работна сила по час во еврозоната се зголемија за 1,8% во (главно) неделовната економија за 4,2% во деловната економија каде што е забечежан раст од 4,2% во индустријата, 4,4% во градежништвото и од 4,1% во услугите.

    Во ЕУ, трошоците за работна сила по час пораснаа за 2,6% во (главно) неделовна економија и за 4,7% во деловната економија, каде што е забележан раст од 4,9% во индустријата, 5,0 % во градежништвото и од 4,6% во услугите.

    Цената на платата по час работа во Европската унија најмногу се зголемила во Романија (16,9%), Унгарија (16,3%) и Хрватска (16%), Полска (13,1%) и Словенија (12,5%). Уште четири земји-членки на ЕУ забележаа пораст над 10%, и тоа: Бугарија (11,9%), Литванија (11,2%), Латвија (11,1%) и Естонија (10,9%).

    Најмал забележаа Италија (пад од 0,1%), Данска (1,9%) и Германија (2,2%), Франција (2,7%) и Ирска (2,5%).

    Индексот на трошоците за работна сила, кој го пресметува растот, го покажува зголемувањето на трошоците за работна сила по час што ги прават работодавците, во номинални вредности, односно без приспособување за движењата на цените.

    Се пресметува со делење на цената на трудот во национална валута со бројот на одработени часови.

    Медиумите забележуваат дека се работи само за нумеричко зголемување на платите, кое нема врска со поскапувања, а во него не се вклучени ниту други трошоци за работна сила, кои не се поврзани со платите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img