Силен земјотрес го погоди поширокото подрачје на Сараево понеделникот наутро. Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.
Набргу по земјотресот, многу жители на Босна и Херцеговина ги споделија своите искуства со земјотресот на социјалните мрежи
Моментот на земјотресот го снимија и камерите на Телевизија Сараево, а реакциите на водителката и на гостинката во утринската емисија која во тој момент се емитуваше во живо, завршија на интернет.
На сред утринска програма сè почна да се тресе.
-Мислам дека беше земјотрес – изјави гостинката Амра Селимовиќ во студиото .
-Дали ова беше земјотрес – праша водителката Вања Семиќ, изненадена и збунета во моментот.
Иако имаше смеа, дамите искрено се исплашиле од земјотресот.
„Па луѓе мои, колку се исплашив…“, напиша таа подоцна во објава на Фејсбук.