Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди архипелагот Тонга во јужниот дел на Пацификот, соопшти Геолошкиот институт на САД (USGS).
Земјотресот бил на длабочина од околу 112 километри, на помалку од 200 километри северно од Нукуалофа, главниот град на архипелагот Тонга.
Засега нема извештаи за материјална штета.
Пацифичкиот центар за мониторинг на цунами не издаде предупредување.