Американскиот геолошки институт (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот бил на 43 километри јужно од областа Интипука.
Земјотресот бил на длабочина од 70 километри.
Се почувствува и во Хондурас, Никарагва и Гватемала, соседните земји на Ел Салвадор и предизвика страв кај луѓето.
Граѓаните ги напуштија домовите и панично излегоа на улица.
Според првите проценки, нема човечки жртви или материјална штета.