Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала рано утринава го потресе вулканското поле во близина на Неапол, соопшти италијанскиот институт за геофизика и вулканологија.
Италијанските власти соопштија дека земјотресот бил најсилниот во областа во последните 40 години, но не предизвикал никаква штета.
Во соопштението Институтот наведува дека од вчераутро во Италија се регистрирани 60 сеизмички настани, а дека последниот земјотрес што се случи вечерва во 3 часот и 35 минути е дел од истата серија земјотреси.
Италијанската агенција за цивилна заштита соопшти дека жителите го почувствувале земјотресот, но дека првите проверки на терен покажале дека нема материјална штета.