More

    Погледнете што прави новата моќна бомба од руско производство

    spot_img

    Според германски Билд, Русија започна со масовно производство на својата најтешка ФАБ-1500-M54 бомба-плајд тешка еден и пол тон!

    Германскиот таблоид наведува дека приближно 50 украински војници умираат на фронтот секој ден, од кои повеќето токму поради употребата на „глајд“ бомби од страна на руската армија, меѓу кои сè почесто е ФАБ-1500-М54.

    Последен пат Русите фрлија ФАБ-1500-M54 на повеќекатница во Красногоровка, снимајќи го од два агли. Бомбата експлодирала во станбена зона, испуштајќи огнена топка висока 20 ката.

    Шефот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук, уште во ноември 2023 година предупреди дека има индиции дека Русија подготвува масовна употреба на ФАБ-1500. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во февруари посети фабрика во која се произведуваат моќни бомби. Руската телевизија тогаш изјави дека нивната продукција трае од почетокот на војната.

    ФАБ-1500-М54 е последната модификација на бомбата КАБ-1500 која беше развиена во Советскиот Сојуз и се користеше од осумдесеттите.

    Според украинскиот портал Страна, Руската Федерација неодамна објави планови за производство на нова глајд бомба Дрел. Руски и западни извори тврдат дека „Дрел“ е тип на касетна бомба.

    Вооружените сили на Украина претходно објавија дека Русите во Донбас прибегнале кон тактиката на „изгорена земја“, која се состои во уништување позиции и згради со водени воздушни бомби.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img