Украинскиот лидер Володимир Зеленски денеска изјави дека не видел докази за повлекување на руските војници од границите на неговата земја. Тој нагласи дека Москва едноставно ротира сили.
– Гледаме мали ротации. Јас не би ги нарекол тие ротации повлекување на силите од страна на Русија. Не можеме тоа да го тврдиме – изјави Зеленски.
Тој додаде дека „не гледаат никакви промени“.
Претседателот на Украина го искористи обраќањето за „Денот на единството“ и истакна дека Украина не стравува од евентуална руска инвазија, ветувајќи дека неговата земја ќе возврати.
– Ние не се плашиме од прогнози, не се плашиме од никого, од какви било непријатели. Ќе се браниме, нагласи Зеленски на настан организиран од армијата во источниот пристаништен град Мариупол.