Зеленски: Украина губи од 60 до 100 војници секој ден, нема да ја нападнеме Русија!!!

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
In this image from video provided by the Ukrainian Presidential Press Office and posted on Facebook early Tuesday, March 15, 2022, Ukrainian President Volodymyr Zelenskyy speaks in Kyiv, Ukraine. (Ukrainian Presidential Press Office via AP)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Newsmax изјави дека Украина губи меѓу 60 и 100 војници секој ден.

„Ситуацијата во источна Украина е многу тешка. Секој ден губиме од 60 до 100 војници, а околу 500 се ранети во борбите“, рече Зеленски.

Тој исто така изјави дека Русија ги блокира испораките на жито во Црното Море.

„Во моментов 22,5 милиони тони жито се блокирани од Русија. За да се деблокира таа територија и да се отвори пристап до морето, пристап до вода, пристап до нашиот народ, треба да се бориме и ни треба оружје со ефективен дострел од 120 -140 километри“, рече Зеленски.

Вчера американскиот претседател Џозеф Бајден најави нов пакет помош во ракетните системи за Украина.

Високи функционери на американската администрација изјавија дека тие ракетни системи ќе можат да истрелаат ракети до 80 километри, што е многу помалку од она што го побара Зеленски, оценува Си-Ен-Ен, но додава дека тоа е многу повеќе отколку што има добиено Украина досега.

Во интервју за Newsmax, Зеленски беше категоричен дека ракетите ќе се користат во Украина, а не на руска територија.

„Знам дека некои луѓе во Соединетите Држави велат, или луѓе во Белата куќа, дека би можеле да ги искористиме за да ја нападнеме Русија: Гледате, ние не планираме да ја нападнеме Русија. Ние не сме заинтересирани за Руската Федерација. Ние не се бориме на нивна територија. Имаме војна на наша територија. Тие дојдоа во нашата земја. Сакаме да ги блокираме нашите градови. За таа цел ни треба оружје со дострел до 100 километри“, рече Зеленски.

Share This Article