Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските системи за ПВО собориле 13 беспилотни летала камикази од иранско производство, кои го таргетираа главниот град Киев претходно истиот ден.
– Русија утрово започна со напади со 13 шахиди… сите 13 беа соборени од нашите украински системи за противвоздушна одбрана – рече Зеленски во видео обраќањето на социјалните мрежи, притоа мислејќи на беспилотни летала од иранско производство за кои Москва е обвинета дека ги користи против цели во Украина.