Зеленски потпиша указ за повлекување на украинските војници од мировните мисии низ светот со цел да учествуваат во борбите против руските вооружени сили

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
 Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера потпиша указ за повлекување на украинските војници од мировните мисии низ светот со цел да учествуваат во борбите против руските вооружени сили.

„Зеленски одлучи да ги повлече украинските мировници од целиот свет, заедно со опремата, за да ја зајакне украинската армија при одбивањето на руската агресија“, се наведува во пораката што Врховната Рада, ја објави на својот Телеграм канал

Зеленски во указот наведува дека одлуката ја донел со цел да го заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, јавија украинските медиуми.

Претходно во Украина беше формирана Легија на странци, која вклучува доброволци од различни земји.

Share This Article