Зеленски објасни дека во Донбас се водат пеколно тешки борби

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во борбите на истокот од земјата секој ден гинат меѓу 50 и 100 Украинци. Притоа тој очигледно мисли  на воените жртви на конфликтот.

Најжестоки борби деновиве се водат околу градовите Северодонецк и Лисичанска, во Луганск, еден од двата региони што ја сочинуваат провинцијата Донбас на истокот на земјата, која Русите се обидуваат да ја освојат.

Сергеј Гајдаи, гувернерот на Луганск, во телевизиско интервју изјави дека Русија користи „тактика на изгорена земја“ и дека Северодонецк е нападнат „од четири различни правци“. Но, тој тврди дека руските сили не успеале да влезат во градот.

Дописничката на Гардијан од борбите во Украина, Ема Греам-Томпсон, наведува дека земјата досега не била особено транспарентна за сопствените воени жртви, додавајќи дека фактот што Зеленски отворено зборува за бројките значи дека во последниот месец на истокот од земјата се убиени 3.000 Украинци.

Инаку, за првите три месеци од својата „специјална воена операција“ во Украина, Русија најверојатно претрпе жртви колку Советскиот Сојуз за време на својата деветгодишна војна во Авганистан, се наведува во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана.

Комбинацијата на „лоша тактика, ограничена воздушна поддршка и недостаток на флексибилност“ и пристап кон командата што се карактеризира со подготвеност да се повторат грешките, доведоа до големи загуби, се наведува во извештајот на британското разузнавање.

Русите продолжуваат да акумулираат загуби во офанзивата на Донбас, додававаат британските разузнавачи во утринскиот извештај.

Руската јавност во минатото покажа дека е чувствителна на загубите во војните. Како што се акумулираат загубите во Украина, тоа ќе стане уште поочигледно, а јавното незадоволство од војната може да се зголеми, како и подготвеноста тоа јавно да се каже, се наведува во извештајот на разузнавачите од британското Министерство за одбрана.

Share This Article