More

    Зеленски не го сака унгарскиот премиер за посредник во преговорите

    spot_img

    „На Украина не ѝ се потребни посредници како унгарскиот премиер Виктор Орбан. Нема да го пуштам него и луѓето како него“.

    Вака порача украинскиот претседател Володомир Зеленски во врска со наводните мировни напори на претседателот на Унгарија и актуелчен претседавач со ЕУ.

    Зеленски на состанокот на Конгресот на локалните и регионалните власти изјави дека директно комуницира со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и дека со него имал неколку состаноци и разговори.

    Тој додаде дека во моментот работи со тимот на Трамп и истакна дека е оптимист оти новата американска администрација ќе ја поддржи Украина и дека нема да биде стопирана помошта.

    Украинскиот лидер исто така смета дека Орбан нема кредибилет за да влијае врз рускиот лидер Владимир Путин во преговорите.

    – Ни требаат директни односи со САД. Ние сме силна земја, тоа го покажавме на бојното поле за време на целата агресија на Путин. Има ли  таков современ пример во Европа? Не. Дали Орбан има таква армија? Не. Како ќе го притисне Путин – со насмевка, со шега? Оставете го – порача Зеленски.

    Орбан на 11 декември имаше телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин за унгарскиот предлог за прекин на конфликтот во Украина за време на божикните празници и за голема размена на воени заробеници. Будимпешта подоцна објави дека руската страна начелно го прифатила тој предлог, но оти Киев не дозволил телефонски разговор помеѓу Орбан и Зеленски за предлогот.

    Зеленски рече дека договорите со Русија и замрзнувањето на конфликтот ги смета за „опасни“.

    – Опасно би било да се каже: ја замрзнуваме војната и ќе се договориме со Русите.

    Руските медиуми пишуваат дека Зеленски размислуваза божикна офанзива додека генералите го разубедуваат да го откаже планот поради тешката состојба во Покровск.

    Во интервју за францускиот весник „Паризиен“ Зеленски рече дека Украина нема сила да ги врати Донбас и Крим кои ги зазеде Русија, но дека Киев може да се надева на дипломатски притисок од меѓународната заедница за ова прашање.

    Тој исто така смета дека ниту еден светски лидер „нема право да преговара со Путин без Украина“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img