More

    Таткото на Коста К. ги шокирал присутните во судницата -Запалете ми го семејството

    spot_img

    На денешното рочиште таткото на момчето убиец повторно се обидел да направи жртва од себе, па откако мајката на едно од убиените девојчиња го прашала нешто, тој одговорил:

    – Му реков на обвинителот Ненад Стефановиќ, запалете ми го семејството, сопругата, децата, мајка ми.

    Извор од судницата за српски „Блиц“ вели дека таткото на момчето убиец ги шокирал присутните кога одговорил на прашањето што мисли дека ќе биде адекватна казна за тоа што неговиот син убивал деца без никаква причина.

    Да потсетиме мајката на момчето убиец се појавила во придружба на адвокат на денешното судење.

    По неа пристигнале и родителите на жртвите, кои деенс продолжиле да му поставуваат прашања на нејзиниот сопруг Владимир.

    На едно од претходните рочишта, одбраната на Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ се обидувала вината за тоа што момчето убиец кобниот 3 мај дошло до оружје со кое ги убил своите врсници и чуварот на училиштето – на сопственикот на стрелиштето, Ратко Ивановиќ.

    Инаку, Кецмановиќ го „извадиле од такт“ одредени прашања, кои меѓу останатото се однесувале на начинот на кој момчето убиец било тренирано да пука од пиштол, но и како дошло до оружјето со кое ги убил своите врсници.

    Изворот на „Блиц тврди и дека одбраната на Кецмановиќ има тактика вината да ја префрли на сопственикот на стрелиштето.

    – Тие при сослушувањето на Кецмановиќ донесоа очигледни заклучоци со кои се обидоа да укажат дека Владимир Кецмановиќ не му го дал оружјето на синот, туку самиот сопственик на стрелиштето – вели изворот на „Блиц“.

    Сведочењето на Владимир Кецмановиќ, уште еднаш ги вознемирило родителите на убиените деца во ОУ „Владислав Рибникар“, кои на крајот од рочиштето евидентно потресени ја напуштиле судницата.

    Инаку, пред почетокот на рочиштето, мајката на момчето убиец застанала на сред ходникот пред судницата и ниту еднаш не погледнала назад каде што стоеле родителите на децата кои ги убил нејзиниот син.

    Ден претходно, таткото Владимир Кецмановиќ изјавил дека „не може да прифати некој него да го смета за одговорен за она што се случило на 3 мај“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img