More

    Зеленски најави забрана за верските организации кои му се верни на Кремљ

    spot_img

    По минатонеделната рација на украинскиот православен манастир за кој Киев рече дека веројатно бил седиште на руски шпиони, украинскиот претседател побара да се донесе закон со кој ќе се забрани работењето на верските организации „поврзани со центри на влијание“ во Русија, пишува ЊујоркТајмс.

    Претседателот Володимир Зеленски ги предложи новите мерки во своето ноќно обраќање во Украина во четвртокот. Неговото барање дојде по рацијата на 22 ноември од страна на украинските безбедносни служби во Манастирот на пештерите, едно од најсветите места за православните христијани во Киев, во потрага по саботери и по оружје.

    Украинската православна црква неодамна беше под лупа на украинските власти кои се сомневаат дека многу од свештениците соработуваат со Русија. Властите се загрижени дека всушност украинската црква промовира проруски ставови. Прорускиот огранок на свештеници во Источната православна црква ги следеше духовните водачи во Москва до оваа пролет, кога јавно ја прекина верноста со Русија поради војната. Сепак, многу свештеници остануваат лојални на Кремљ.

    Од минатиот месец, 33 свештеници биле уапсени поради помагање на Русија од почетокот на инвазијата во февруари. Повеќето од нив беа обвинети за собирање разузнавачки информации и дека обезбедувале храна за војниците на Москва.

    Кремљ ја осуди минатонеделната рација, велејќи дека тоа е доказ дека Киев е во војна со Руската православна црква. Владимир Легојда, портпаролот на Руската православна црква, го нарече потегот „чин на заплашување“ против единствената преостаната институција „каде што луѓето и во Русија и во Украина искрено се молат за мир“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img