Зеленски ја напушта Украина за прв пат од почетокот на инвазијата?

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува во Вашингтон во среда на неговото прво меѓународно патување од почетокот на војната на 24 февруари, пренесоа светските агенции, додавајќи дека тој може да се обрати во Конгресот и да се сретне со Џо Бајден во Белата куќа.Лидерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси објави писмена изјава во која ги „охрабрува“ парламентарците да бидат „физички присутни“ во среда навечер на седницата „специјално посветена на демократијата“.

Оваа посета, доколку биде потврдена, доаѓа во време кога американските парламентарци се подготвуваат да гласаат за нов голем пакет помош за Украина, пренесе АФП.

Американскиот претседател, од своја страна, треба да даде зелено светло за испраќање ракети Патриот, особено софистициран систем за противвоздушна одбрана, во Украина.

Украинскиот претседател се очекува да ги посети Белата куќа и американскиот Капитол во среда, иако безбедносните грижи би можеле да ги променат тие планови, објави Ројтерс, цитирајќи два извори запознаени со планирањето на посетата.

„Панчбоул њуз“ најпрвин објави за можното пристигнување на Зеленски во Вашингтон, цитирајќи девет извори запознаени со патувањето. Тој најави дека Зеленски се очекува да се сретне со раководството на Конгресот и со шефовите на комитетите за национална безбедност од Републиканската и Демократската партија и може да се обрати на заедничка седница на Конгресот.

Share This Article