Зеленски го назначи Александар Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина, откако Валериј Залужни беше разрешен од функцијата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го назначи Александар Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина, откако Валериј Залужни беше разрешен од функцијата.

Неговото воено име е „Снежен леопард“.

– Го назначив генерал-полковник Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина – соопшти Зеленски.

Тој додаде дека од денска раководењето со украинската армија го презема нов тим.

– Сакам визијата за војната да биде иста за нашите војници во Роботин, Авдиевка и во Генералштабот – рече Зеленски.

Според него, Сирски има „успешно одбранбено и офанзивно искуство“ бидејќи, како што наведува, водел одбранбена операција во Киев и операција за ослободување во Харков.

Поранешниот началник на Генералштабот на украинската армија, Валериј Залужни, беше разрешен претходно денеска, соопшти украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

Залужњи (50) стана врховен командант на украинската армија неколку месеци пред руската инвазија во февруари 2022 година. Под негова команда, украинските трупи спречија целосна инвазија и подоцна вратија некои окупирани територии.

Во април во 2022 година беше прогласен за херој на Украина. Во јули, истата година, испланира и изведе молскавична контраофанзива која ги истисна руските сили од Харков и повторно беа заземени делови од земјата на истокот и југоистокот.

- Advertisement -
Ad image

На почетокот на минатата година, Сирски ја предводеше одбраната на Бахмут, битка во која загинаа илјадници војници на двете страни. Тој порача дека упорната украинска одбрана на Бахмут нанела штета на севкупните воени напори на Русија, така што била совладата „Вагнер“ групата.

Во изјава за западните медиуми тој изјавил дека спие по четири и пол часа на навечер и се опушта со посета во теретана.

Share This Article