Зеленски бара „праведна казна“ за окупаторот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
In this image from video provided by the Ukrainian Presidential Press Office and posted on Facebook early Tuesday, March 15, 2022, Ukrainian President Volodymyr Zelenskyy speaks in Kyiv, Ukraine. (Ukrainian Presidential Press Office via AP)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешниот говор пред Генералното собрание на ОН побара „праведна казна” за Русија поради злосторството што го направи против неговата земја.

Зеленски е единствениот државник кому Генералното собрание му дозволи да зборува преку видео врска.

Војната во Украина доминира во говорите во ОН на седницата што се одржува речиси седум месеци по почетокот на руската офанзива во Украина, која е најголемиот воен конфликт во Европа од Втората светска војна.

– Направено е злосторство против Украина и бараме праведна казна. Ние не ја сакавме оваа војна, имавме 88 рунди разговори од почетокот на моето претседателство до 24 февруари оваа година – рече  Зеленски додавајќи дека Украина нема друг избор освен да се брани.

Зеленски рече дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги мобилизира резервистите покажува дека Москва не е сериозна во разговорите за ставање крај на својата речиси седуммесечна војна и инсистираше на тоа дека неговата земја ќе победи во одбивањето на нападот на Русија и протерувањето на нејзините војници.

– Можеме да го вратиме украинското знаме на целата наша територија. Можеме да го направиме тоа со сила на оружје – рече украинскиот лидер и додаде дека за тоа треба време додека е во тек украинската контраофанзива за ослободување делови од територијата што ги контролира Русија.

Зеленски не зборуваше детално за развојот на настаните и оцени дека секој руски говор за преговори е само тактика на одложување и оти постапките на Москва зборуваат погласно од нејзините зборови.

– Тие зборуваат за разговори, но најавуваат воена мобилизација. Зборуваат за разговори, но најавуваат лажни референдуми за окупираните територии на Украина – рече тој.

Зеленски оцени дека Москва сака да ја помине зимата подготвувајќи ги своите сили во Украина за нова офанзива или барем да се зацврсти со мобилизација на повеќе војници.

- Advertisement -
Ad image

– Русија сака војна – тоа е вистината. Но Русија нема да може да го запре текот на историјата … Човештвото и меѓународното право се посилни од терористичка држава – рече тој

Истакнувајќи различни „предуслови за мир” во Украина, тој ги повика светските лидери да и го одземат правото на глас на Русија во меѓународните институции и правото на вето во Советот за безбедност на ОН, велејќи дека агресорите мора да бидат казнети и изолирани.

Share This Article