More

    Здружени синдикатот за култура, ССМ и СОНК најавија протест

    spot_img

    Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Синдикатот на културата и ССМ  денеска изразија незадоволство од доцнењето на платата за март на 3.000 вработени во културата која, според колективните договори треба да ја примат до 15-ти односно до 10-ти во месецот, зголемена за процентот на зголемување на минималната плата.

    Синдикатот на култура и ССМ најавија протест за утре, а СОНК на посебна прес конференција најави вонредна седница на Советот на која ќе одлучи за натамошни чекори.

    Претседателот на СОНК Јаким Неделков на прес-конференција рече дека веројатно ќе донесат одлука за протест, иако е период на избори, а ако проблемот се продлабочи ќе донесат одлука и за генерален штрајк во установите од културата.

    Неделков информира дека согласно усогласувањето на платите со минималната плата во државава, мартовската плата треба да им биде зголемена за 12%. Пресметките се изготвени од установите за култура, но нема одобрување од Министерството за финансии и покрај ветувањата на ресорната министерка.

    -Иако министерката излезе и кажа дека ќе нема проблем со платите, во дејноста култура сепак има проблем за исплата на мартовските плати. Проблемот датира уште од октомври лани за септемвриската плата, кога вработените во културата добија  решенија за плата со ограничена важечка  вредност. Тоа значеше дека до март ќе важат тие решенија, од март ќе се применува систематизацијата минимална плата по коефициент, не сметајќи ги во меѓувреме зголемувањето на платите за 10 проценти по основ на Општ колективен договор. Тоа ни беше јасен сигнал што може да се случи во април за мартовската плата и, еве, навистина, нашата загриженост и реакции беа оправдани во однос на тоа што Министерството за култура на чело со министерката за култура имаа план, стратегија и цел платите наместо 12,55% да се зголемат само за 2,5% – рече Неделков.

    Според него, веројатно Министерството за култура и не направило соодветен план за користење на средствата и, како што рече, „веројатно од таа причина Министерството за финансии не одобрува зголемени плати за повеќе од 12%, толку колку што е зголемувањето на минималната плата во оваа година“ и сега се прават комбинаторики за зголемување на платата во културата од само 2%

    – Но, дефинитивно, СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура и ова е прв чекор со кој реагираме за да изразиме незадоволство. Но уште денеска Советот на СОНК ќе одржи вонредна седница со одлука за натамошните чекори  што ќе ги преземеме – рече Неделков.

    Синдикатот на културата, пак, на заедничка прес конференција со ССМ пред Министерството за финансии најави протест за утре.

    Лидерката на синдикатот во културата Вера Атанасовска рече дека дури за денеска е најавена средба во Министерството за финансии  на која ќе се договара зголемувањето, но како што рече, веќе кружат информации од средбата што уште не е одржана дека  нема да има усогласување според колективниот договор.

    -Денеска добивме информација дека тоа нема да се случи. Односно дека министерот за финансии Фатмир  Бесими изјавил дека немало доволно финансиски средства предвидени, за да се случи ова покачување. 3.000 вработени во културата и нивните семејства ќе останат без здравствено осигурување иако ни беше ветено дека ќе го добиеме и зголемувањето – рече таа.

    Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов најави дека го поддржува протестот.

    -Министерката за култура да се избори  за платите и покачувањето и платите до 15 часот да легнат на сметките на 3.000 вработени во културата. во спротивно се гледаме утре на протест – рече Трендафилов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img