Големата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ е познат како миленик на жените уште од неговото појавување на јавната сцена.
На еден од неговите последни концерти, една обожавателка му го фрли својот градник на сцената. Тоа не беше првпат. Чолиќ во својата 40-годишна кариера доби многу вакви подароци. Сега за српски „Блиц“ откри што подоцна прави со градниците кои долетуваат на сцената.
– Обично тој градник му го давам на мојот тапанар, тоа се случува често. Тоа е убав настан. Тоа е нечија емоција и убаво е кога тоа ќе го добиеш среде настап. Не дај Боже поради тоа го прекинав концертот- рекол музичарот, кој синоќа имал настап во Будва.
Чола додал дека секогаш пред настап има позитивни трема.
– Секогаш постои позитивен трема. Оваа година не планирав да пеам, а ниту лани, но бидејќи имам пријатели кои се во организацијата, секогаш ме убедуваат дека морам повторно. Жал ми е што немам нови песни да ви претставам, но ќе биде во друга прилика, здравје Боже – рекол познатиот пејач.
ФОТО: Инстаграм