Потрагата по исчезнатиот охриѓанец Фадил Брао заврши утрово во 6 часот , кога група ловци во реонот на село Расино охридско , случајно го пронашле возилото и мртвото тело на охриѓанецот Фадил Брао.По сега веќе починатиот Фадил Брао интензивно се трагаше една недела,а во текот на вчерашниот ден реонот над Општина Охрид и Општина Ресен беше пребаруван и од страна на хилихоптерското одделение на МВР.