More

    Започнува најголемиот маневар на Алијансата во последните децении

    spot_img

    Околу 90.000 војници ќе учествуваат во вежбата на НАТО, „Steadfast Defender 2024“, најголема во последните неколку децении која ќе започне следната недела и ќе трае до мај, соопшти денеска главниот командант на НАТО силите во Европа, Крис Каволи.

    – Алијансата ќе ја покаже својата способност да ја засили евроатлантската област со трансатлантско движење на силите од Северна Америка – им рекол американскиот генерал на новинарите во Брисел по дводневниот состанок на шефовите на одбраната, пренесува Ројтерс.

    Воените трупи кои ќе учествуваат во вежбите, според зборовите на Каволи, ќе бидат од земјите на НАТО сојузниците и Шведска.

    Претходно Британското министерство за одбрана соопшти дека 20.000 припадници на британската војска ширум Европа ќе учествуваат во голема вежба на НАТО со која ќе бидат одбележани 75 години од создавањето на Алијансата.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img