More

    Мина првпат објави фотографија од трудничкиот стомак

    spot_img

    Сопругата на српскиот водител Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ, влезе во деветтиот месец од бременоста и дури сега покажа како изгледа.

    Мина на својот профил на Инстаграм објави фотографија, а во преден план е нејзиниот труднички стомак.

    Мина се фотографирала во лифт, облечена во црни хеланки, кои одлично и прилегаат. Водителката изгледа прекрасно. Инаку ова е прва бременост на Мина.

    „Зборувам тивко и носам (ставила емотикони со здрави намирници) со мене. И влегувам во 9. месец“, напишала Мина во описот на фотографијата.

    Инаку, Мина пред неколку дена на необичен начин го откри полот на бебето.

    „Ќе родам ќерка и тоа нема да биде туѓа среќа туку моја. Ќе биде своја, нема да личи на нејзиниот татко, но ниту на мене. Ќе ги сокријам од неа сите бајки во кои верував и ќе и создадам нови. Ќе почне без принц, а ако еден ден го пронајде, ќе бидам среќна. Ќерка ми ќе биде што сака, мажена и немажена, мајка и неротка, а нејзината слика ќе ја носам во мојот паричник. Ќе ме ослободи со својата слобода и никогаш нема да биде туѓа радост, туку моја. Носена под ребро, ткаена и родена од ѕвездите. Да биде она што таа го сака за себе. Ќе се вика Зора и ќе осамне. Секогаш ќе осамнува каде што ќе биде“, стои во објавата на Мина.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img