Фондот за здравствено осигурување информира дека скоро сите модели се ставени во функција и дека ИТ експерти ќе ги финализираат процесите и функционалностите, а со тоа ќе започне и исплатата на боледување, породилно и разни рефундации.
– Во текот на утрешниот ден и в среда се очекува осигурениците етапно да ги добијат средствата на сметките. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањето кое беше внесено до 5 февруари 2023 година – појаснуваат од Фондот.
Од таму додаваат дека податоците за боледување доставени по овој датум ќе почнат да се внесуваат во Подрачните служби и да се внесуваат во редовниот платен систем.
„Во тек е и враќање на системот ДСГ (кој е систем за евидентирање на болничките услуги), за што јавноста ќе биде во догледно време информирана. ФЗОРСМ ви се заблагодарува уште еднаш за трпението и разбирањето. Фондот ќе поднесе извештај во текот на денот, за сите информации“, се вели во соопштението на ФЗОРСМ.