ЗАПОЧНА ТРИДНЕВНИОТ СЕМИНАР “НАПРЕДНА АКАДЕМИЈА ЗА ЛИДЕРСТВО 2022“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денес во Охрид, во хотелот Милениум Палас, започна првиот дел од  тридневниот семинар, “Напредна академија за лидерство 2022“, во организација на Германската политичка фондација “Ханс Зајдел“ и фондацијата “Балкан нет“, под покровителство на Советот на Европа. Програмата на семинарот е интерактивна обука, посветена на градоначалници, општински лидери и раководители на сектори во општините. На семинарот учествуваат претставници од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Бугарија. Пред учесниците на семинарот се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.

 

 – Посакуваното лидерството, демократските процеси, и развојот на општествата од регионов, денес како никогаш претходно ни се повеќе од потребни. За да изградиме стабилни и просперитени земји, исклучително ни се важни локалните самоуправи, како еден од најважните столбови на непосредно одлучување на граѓаните и темел на модерната демократија. Се разбира дека туку има голем простор за натамошно учење и усовршување на сите инволвирани во носењето на одлуките, креирањето на правилни политики и постигнување на оптимални резултати. Убеден сум дека учесниците на семинарот ќе се стекнат со нови вештини и знаења, кои ќе можат практично да ги применат во своите средини. Дозволете ми да го искажам моето мислење дека, вистинското лидерство најдобро се оценува според резултатите и наследство што го оставате зад себе, а не според вербалните ветувања и програмите кои сте ги зацртале.

Почитувани присутни, 

Верувам дека и покрај обемната програма, ќе најдете време и за обиколка на вечниот и древен Охрид, кој со своето неизмерно културно, историско и природно богатство, ќе ве натера повторно да ни дојдете во нашиот град – истакна во своето обраќање Пецаков.

 

Програмата на семинарот првенствено е фокусирана на три области: развој и подобрување на индивидуалните лидерски вештини, вовед во техники неопходни за управување со луѓе и организации, како и вовед во развивањето, планирањето и разбирањето на меѓународните проекти и програми. Вториот дел од семинарот ќе се одржи во текот на месец јули во Банско, Република Бугарија

Share This Article