More

    Започна состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Скопје е домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, заедно со претседателите на Република Хрватска и на Република Словенија, Зоран Милановиќ и Наташа Пирц Мусар.

    Во фокусот на денешните разговори се евроинтеграциите на државите од Западен Балкан, младинските политики и климатските промени. Во тој контекст, лидерите дискутираат за текот на евроинтеграциите како предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот, за можностите за засилена соработка и економски развој со цел превенирање на  иселувањето на младите, како и за можностите за ублажување на последиците од климатските промени, како глобален предизвик преку општествена, политичка и регионална солидарност.

    Целта на овој форум на шефовите на државите во регионот е јакнење на довербата меѓу земјите преку решавање на отворените прашања и унапредување на соработката, како и интензивирање на дијалогот со Европската Унија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img