Започна изборниот молк – Избори во Србија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Србија на полноќ почна изборниот молк во пресрет на републичките, покраинските, белградските и локалните избори, а ќе трае до затворање на гласачките места в недела на 17 декември во 20 часот.

Изборниот молк е период во кој е забрането објавување оценки на изборните резултати во медиумите и на јавни собири, јавно презентирање на кандидатите на изборите и нивните изборни програми и поканување на гласачите да гласаат или да не гласаат за одредени изборни листи или кандидати.

На гласачкото место и на 50 метри од избирачкото место, забрането е истакнување симболи на политички партии и друг пропаганден материјал.

На 8.273 избирачки места своето право на глас на парламентарните избори ќе можат да го остварат 6.500.165 запишани избирачи.

Право на глас на покраинските избори во Војводина имаат 1.669.734 граѓани, а на белградските 1.613.190 гласачи.

На републичките избори гласачите ќе можат да избираат од 18 листи со вкупно 2.817 предложени кандидати за 250 пратенички места.

Утврдени се 13 изборни листи за покраински избори, 14 за избори за градско собрание на Белград, а локални избори ќе се организираат во вкупно 65 градови и општини.

Очекуваниот одѕив на гласачите е 56,4 отсто, покажува анкетата објавена синоќа, спроведена од агенцијата ИПСОС. Коалицијата околу владејачката Српска напредна партија (СПП) на претседателот Александар Вучиќ има поддршка од 44,6 отсто од анкетираните. По неа следи проевропската опозициска коалиција „Србија против насилството“ со 23,6 отсто поддршка, додека листата Ивица Дачиќ – Прмеиер на Србија се очекува да освои 8,7 отсто од гласовите.

Share This Article