More

    ЗАКОНОТ ЗА МИНИСТЕРСТВА ДОБИ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ВО ПАРЛАМЕНТОТ

    spot_img

    Со 74 гласа „за“, 24 „против“ и ниту еден „воздржан“, пратениците на денешната пленарна седница одобрија предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, чиј предлагач е пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на нова влада, Христијан Мицкоски, да се носи по скратена постапка.

    Гласањето уследи откако по вчерашното повлекување, Мицкоски повторно го достави предлог-законот пред пратениците и образложи дека бил накратко повлечен од собраниската процедура поради номотехничко усогласување.

    Од позиција на предлагач на законот, Мицкоски побара поддршка за усвојување на решението со кое се прави реорганизација на министерствата во име на огромната поддршка што коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја добила на изборите и во име на реформите кои се заложила дека ќе ги спроведе.

    – Toа што е важно да го напоменам и потенцирам е дека на овој начин после неколку децении доаѓа до реорганизација на министерствата во рамките на самата влада, реорганизација во која дел од министерствата ќе бидат нови, а агенциите кои досега постоеја, практично ќе бидат укинати. Дел од министерствата ќе бидат прегрупирани, односно пренесени дел од надлежностите од едно во друго министерство со цел да бидат спроведени реформите коишто ги има за цел новата влада, но и во исто време да одговориме на потребите на граѓаните кои на минатите избори на 8 мај го дадоа гласот за коалиција ‘Твоја Македонија’ – рече Мицкоски.

    Откако доби зелено светло од пратениците да се носи по скратена постапка, законот сега ќе оди на Комисијата за политички систем и Законодавно-правната комисија пред повторно да се најде на пленарна седница. За попладне од 18 часот веќе е закажана седница на Комисијата за политички систем на чија едиствена точка од дневниот ред ќе се најде преложеното закоснко решение за реорганизација на министерствата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img