Забрчанец на приватната журка на Ципрас и на Заев во Атина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Марјан Забрчанец, актуелниот Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, вчера беше дел од присутните на „приватната забава“ организирана од поранешните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас во Атина, на кој се одбележа шестгодишнината од Преспанскиот договор.

Стануваше збор за настан именуван како Меѓународна конференција за мир и одржлив развој во организација на Институтот Алексис Ципрас и Фондацијата Заев, а на видеото објавено на ЈуТјуб каналот на грчкиот експремиер може да се забележи како Забрчанец заинтересирано ја следи дебатата, како што впрочем му доликува на еден Национален координатор, седејќи на место кое е резервирано само за него.

И воопшто не е спорно тоа што Забрчанец е присутен на оваа конференција, но прилично е проблематично тоа што тој сѐ уште добива плата од граѓаните на Македонија, а по сѐ изгледа парите и времето ги троши на приватни забави во странство.

Уште поспорно е и тоа што Марјан Забрчанец се наоѓа на списокот национални координатори за кои Владата во заминување, на затворена седница, неодамна одлучи да побара апанажа, односно да им овозможи добивање државни плати во следните 12 месеци, исто како и на пратениците.

Дали тоа значи дека Забрчанец планира и во следните 12 месеци, црпејќи од државниот бунар, да се шета по приватни журки?

А дека настанот во Атина беше приватна забава на двајцата поранешни премиери најмногу говори и податокот дека актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис одби да присуствува на конференцијата.

Си имал човекот поважни работи, за кои го плаќа народот во Грција…

Share This Article