More

    Вучиќ ќе му даде дозвола на Рио Тинто, пишува Фајненшл Тајмс

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ наводно се подготвува да ѝ даде на британската компанија Рио Тинто зелено светло за најголемиот рудник на литиум во Европа две години откако Белград се откажа од проектот, објави Фајненшл тајмс(ФТ).

    Вучиќ за ФТ кажа дека се чини дека новите гаранции на глобалниот рударски џин и Европската Унија одговориле на загриженоста на Србија околу тоа дали ќе бидат исполнети потребните еколошки стандарди на наоѓалиштето Јадар на западот на земјата.

    „Веруваме дека Проектот Јадар има потенцијал да биде имот од светска класа кој може да дејствува како катализатор за развој на ланец на електрични возила во Србија“, соопшти компанијата Рио Тинто за Ројтерс.

    Литиумот, кој во ЕУ и во Соединетите Американски Држави се смета за критичен материјал, се користи во батериите за електричните возила и мобилните телефони.

    – Ако исполниме сè, рудникот би можел да биде отворен во 2028 година – кажа Вучиќ за ФТ, додавајќи дека се предвидува дека рудникот ќе произведува 58.000 тони литиум годишно.

    Претседателот на Србија рече и дека „тоа би било доволно за 17 отсто од производството на електрични возила во Европа, околу 1,1 милион автомобили“.

    Белград во 2022 ја поништи лиценцата за Проектот Јадар на Рио Тинто вреден 2,4 милијарди долари по големите еколошки протести. Ако се доврши, проектот би можел да задоволи до 90 отсто од актуелните потреби на Европа за литиум и да помогне компанијата да стане водечки произведувач на литиум.

    Во 2021 и 2022 година српските еколози собраа 30.000 потписи во петиција со која се бараше парламентот да усвои закон за прекин на истражувањето на литиум во земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img