More

    Најпозитивно мислење имаат за Србија, а најнегативно за Турција, покажува анкета од април

    spot_img

    Четворица од десет Грци (43%) имаат неутрално мислење за Македонија, 37,5% негативно, а само 18% позитивно, речиси поделено е мислењето за поддршката на ЕУ перспективата на земјава, а Договорот од Преспа за 38,5% од анкетираните е штетен, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на грчката фондација за надворешна политика ЕЛИАМЕП, во соработка со солунскиот Универзитет Македонија и Фондацијата Конрад Аденауер, јави дописничката на МИА од Атина.

    Истражувањето, спроведено во втората половина на април годинава е на тема грчкото јавно мислење за односите меѓу Грција и Албанија, меѓутоа вклучени се и прашања што се однесуваат и на другите земји од регионот, меѓу кои и нашата, а резултатите ги анализира МИА.

    На прашањето „Какво е вашето мислење за …“ на анкетираните им се понудени Турција Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Србија и Израел и можностите да одговорат дали имаат позитивно, негативно или неутрално мислење.

    Позитивното мислење е највисоко за Србија, со 60% од испитаниците, а негативниот став е најголем за Турција, со 65% од испитаниците.

    За нашата земја, како и за Албанија, преовладува неутралното мислење.

    Доколку се направи споредба со претходното истражување пред 5 години за истото прашање и конкретно за Македонија, резултатите тогаш биле за нијанса полоши со оглед на тоа што негативно мислење имале 40,5% (сега се 37,5%), неутралниот став бил исто така 40,5% (сега 43%), а позитивното мислење се зголемило за 1% од 17% во 2019 година на 18% сега.

    Во однос на европската перспектива на регионот, најголема е поддршката за Србија, а најмала за Турција.

    На прашањето „Дали вие лично би ја поддржале кандидатурата на следните земји да станат членки на Европската Унија …“, за Северна Македонија, 52,5% одговориле „не“, 45% дале позитивен одговор, а останатите 2,5% одбиле да одговорат.

    За Договорот од Преспа, според анализата на ЕЛИАМЕП на резултатите, „истражувањето покажува јасно влошување на ставовите при што процентот на позитивни и донекаде позитивни ставови се намали на 28,5% во 2024 година, од 35,5% во 2019 година“ и напомнуваат дека „истражувањето беше спроведено пред изборите во Северна Македонија и изјавите на новоизбраната претседателка и на идниот премиер на државата“.

    Поконкретно, на прашањето „Колку беше корисен Договорот од Преспа за Грција?“, негативно одговориле 38,5%, односно 22% рекле „многу штетен“, а 16,5% „донекаде штетен“, а „ниту корисен ниту штетен“ како одговор го одбрале тројца од десет анкетирани, додека, пак, 3% одбиле да одговорат.

    Останатите 28,5% сметаат дека Договорот е „донекаде корисен“ (19%) и „многу корисен“ (9,5%).

    Истражувањето на Фондацијата за европска и надворешна политика ЕЛИАМЕП-Програмата за Југоисточна Европа, во соработка со Фондацијата Конрад-Аденауер – Канцеларијата за Грција и Кипар, Единицата за истражување на јавното мислење и пазарот на Истражувачкиот институт на Универзитетот во Македонија во Солун, било спроведено од 15 до 21 април 2024 година, со анкетирани 1.165 луѓе по случаен избор.

    Научни координатори на истражувањето беа Јоанис Армаколас, вонреден професор на Универзитетот во Македонија и виш научен соработник и раководител на Програмата за Југоисточна Европа на ЕЛИАМЕП и Јоргос Сиакас, доцент на Универзитетот Демокрит од Тракија и истражувачки директор на Единица за јавно мислење и истражување на пазарот на Универзитетот во Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img