More

    ЗАБЕГАНОСТ:12 километри автопат до Блаце, од кои 6 километри се тунели со вредност од 240 милиони евра?

    spot_img

    Изградбата на автопатот кон границата со Косово, односно кон граничниот премин Блаце, ќе се ревидира, изјави на прес-конференција министерот за транспорт Александар Николоски .

    Тој информира дека проекциите на претходното раководство на Јавното претпријатие Државни патишта велат дека тој ќе чини 240 милиони евра, што е далеку над одобрениот кредит од ЕБОР.

    – Станува збор за тоа дека е одбрана целосно нова планинска траса од 12 километри, од кои 6 километри се тунели. Вредноста е 240 милиони евра, 20 милиони по километар. Се прави ревизија со Државни патишта, да видиме дали е изводлив овој проект, да видиме дали сепак би можеле да ја користиме постојната траса – рече Николоски.

    Тој рече дека оваа првпат јавно кажува дека цената на изградбата го надминува износот на кредитот кој го одобри ЕБОР.

    – Ова прв пат го кажувам во јавност. За месец и половина очекувам да излеземе со решение рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img