More

    За Зоран Заев, Оливер Спасовски, Александар Кирацовски како и за други актуелни и поранешни функционери од СДСМ, но и против поранешната шефица ЈОГОКК, Вилма Русковска, се поднесени кривични пријави од страна на Бојан Јовановски – Боки 13

    spot_img

    За Зоран Заев, Оливер Спасовски, Александар Кирацовски како и за други актуелни и поранешни функционери од СДСМ, но и против поранешната шефица ЈОГОКК, Вилма Русковска, се поднесени кривични пријави од страна на Бојан Јовановски – Боки 13.

    Тој денеска беше повикан во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ЈОГОКК) против пред јавен обвинител да достави докази и да даде исказ во врска со своите сознанија и индиции.

    Јовановски образложи дека ова се само дел од кривичните пријави, за кои рече дека има докази и непосредни сознанија.

    – Именувани директори, лица кои вршеле јавни функции, судии и обвинители, ексфункционери – сите беа дел од кривично-правната операција „Бумеранг“. Имавме прв распит пред предметен надлежен обвинител. Се работи за кривични дела за изборни нерегуларности и измами, незаконско финансирање на политичка партија, злоупотреба на јавни набавки и средства. Станува збор за повеќе дела за кои се поднесени кривични пријави – рече Јовановски.

    Тој пред медиумите кажа дека предал докази за криминали кои се јавна тајна во Македонија.

    – Мислам дека ќе произлезат предмети каде лицата од СДСМ ќе одговараат. Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службена положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е скоро во секоја пријава – додаде Јовановски.

    Името на предметот е „Бумеранг“, а беше најавен пред повеќе од една година во февруари 2023. Тогаш шефот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази формираше предмет и го додели на надлежен обвинител кој требаше да го сослуша Јовановски. Но, поради здравствената состојба на Јовановски сослушувањето се одложи до денеска.

    Јовановски претходно преку допис бараше прием кај Абази, тврдејќи дека поседува „бомби“ (снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографски и видеозаписи) и сака да поднесе кривични пријави против личности од највисоки државни структури од политиката, правосудството, бизнис-елитата и други лица.

    Доказите и материјалот се содржани во еден милион и сто педесет илјади фајлови со податоци во кои се содржани аудио снимени разговори, транскрипти, пораки, остварени телефонски комуникации, видео и фотографски записи.

    Адвокатот на Бојан Јовановски, Владимир Туфегџиќ пред изјавата на Боки-13 објасни дека не сака да наштетува на истрагата, па поради тоа не сакаше да истакне имиња за кого точно се однесуваат кривичните пријави.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img