More

    За Шолц, нема преговори околу суверенитетот на Украина

    spot_img

    „Нема добри причини за активностите на украинската граница. За суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина не се преговара. Очекуваме Русија да преземе јасни чекори за решавање на ситуацијата“.

    Вака изјавил германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува Гардијан. Шолц истакнал и дека Германија и нејзините западни сојузници се подготвени за сериозен дијалог со Русија за европската безбедност.

    – Подготвени сме за сериозен дијалог со Русија за европските безбедносни прашања – рекол Шолц на заедничката прес-конференција со Зеленски.

    Германскиот канцелар најавил нов германски заем од 150 милиони евра наменет за Украина и повторил дека Западот е подготвен да воведе „далекусежни и ефективни санкции“ доколку Русија го наруши територијалниот интегритет на Украина.

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, од друга страна, изјавил дека неговата земја ќе продолжи да се залага за својата цел, членство во НАТО и покрај незадоволството на Русија и скептицизмот на некои западни земји.

    – Денес се чини дека многу новинари и многу лидери ѝ укажуваат на Украина дека е можно да не се ризикува, да не се поставува постојаното прашање за идно членство во Алијансата, бидејќи тие ризици се поврзани со реакцијата на Руската Федерација. Верувам дека мораме да го следиме патот што го избравме – рекол Зеленски.

    Истовремено, за идните случувања во Украина се договараа рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Путин изјави дека проширувањето на НАТО на исток е „бесконечно и многу опасно“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img