Љупчо Палевски Палчо, главниот осомничен за убиството на девојчето Вања Ѓорчевска и на фризерот Панче Жежовски, доцна вечерва беше транспортиран од Скопскиот аеродром директно во Истражниот затвор во Шутка со конвој необележани полициски возила.
Со влегувањето во затворот почнува и неговиот 30-дневен притвор, што претходно му беше изреченo.
Дел од посебните безбедносни протоколи што ќе важат за Палчо е сместување сам во посебна ќелија, без контакт со другите затвореници, 24-часовен надзор од редарска служба задолжена само за него, ограничено движење во посебен затворски двор, јадење сам и проверка на храната што му се дава.
фото: Телма