More

    За најголемиот пчеларник во светот се грижат 250 пчелари

    spot_img

    Инзерки е најголемиот, а веројатно и најстариот пчеларник во светот, кој се наоѓа во Мароко, во долината Сус од кој се произведува најквалитетниот мед во оваа земја. Изграден е на неколку нивоа главно од кал, кора од дрво, листови од палма и трска.

    Има две верувања за тоа кога е изграден пчеларникот. Според едното дека тој  бил изграден во 1520 година  од пчелар по име  Шилха со благослов од суфискиот шеик, Сиди Мохамед бен Ел Хусеин. Второто верување е дека пчеларникот е изграден од северноафриканските бербери во 1850 година.

    Се состои од најмалку 3.700 кошници населени со десетици илјади пчели кои припаѓаат на северноафриканскиот подвид на жолтата пчела Сахара.

    Се верува дека поради својата посебна локација, на надморска височина од 1.000 метри, пчелите овде го произведуваат најфиниот мед во регионот. Многу цвеќиња цветаат на сончевите падини, а релативно стабилната клима ги фаворизира опрашувачите.

    Традиционалните кошници со пчели се поставени на еден вид тераси за да не се преклопуваат и да се спречат агресивни реакции на овие инсекти при влегување и излегување од кошниците.

    Многу од нив беа уништени во поплавите во 1990 и 1996 година, а реставрацијата започна во 2005 година. Овој пчеларник во заедницата денес не е толку активен како порано.

    Во областа живеат само неколку стотици луѓе, од кои 250 се пчелари. Секој од нив има помеѓу 15 и 20 кошници.

    Регионот е богат со разновидни растителни видови, вклучувајќи дрво арган, боровинка, багрем, лаванда, мајчина душица, бадем, кактуси и цвет од портокал.

    Благодарение на пчеларникот, локалното население има пристап до висококвалитетен и ценет мед, а освен тоа, овие опрашувачи се клучни за одржување на околните шуми со арган.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img