Малку фалело да дојде до физичка пресметка помеѓу пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, за време на расправата за Буџетот во Собрание.
Според видео снимката која се појави, додека Битиќи говореше од говорницата, Стојановски упорно нешто му дофрлаше, на што Битиќи не остана рамнодушен.
– Те молам уште еднаш немој да го употребиш тој збор. Уште еднаш немој да го употребиш. Прв и последен пат – рече Битиќи по што ја прекина репликата и видно револтиран се упати кон пратеникот Бојан Стојановски.
Според пишувањата на медумите, Стојаноски му рекол дека лаже и затоа Битиќи реагирал така бурно.