More

    Вулканот Лаки-лаки еруптираше во Индонезија, најмалку девет лица загинаа

    spot_img

    Најмалку девет лица загинаа по ерупцијата на планината Левотоби Лаки-лаки во источна Индонезија, јавува Ројтерс.

    Вулканот Лаки-лаки, кој се наоѓа на островот Флорес, еруптираше во неделата во 23:57 часот по локално време, исфрлајќи огнена црвена лава, вулканска пепел и вжештени карпи. Властите во Индонезија го подигнаа статусот на вулканот на највисоко ниво.

    „По ерупцијата имаше и прекин на струја. Потоа врнеше, проследено со силни молњи, што предизвика голема паника меѓу луѓето во близина на вулканот“, изјави за Ројтерс Хади Виџаја, портпарол на Центарот за вулканологија.

    Ерупцијата на овој вулкан зафати седум околни села чии жители беа евакуирани, но девет од нив го загубија животот, според досегашните сознанија. Огнена лава и вжештени камења ги погодија селата на оддалеченост од четири километри од кратерот.

    Селата најблиску до планината Левотоби се целосно покриени со вулканска пепел, а властите потоа решија да ги евакуираат жителите на селата кои се оддалечени десет или повеќе километри од кратерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img